Македонија

СВР Тетово од 9 до 15 часот откри седум неисправни автобуси

Сообраќајната полиција денеска од 9 до 15 часот на подрачјата на Тетово и Гостивар спровеле засилени контролни мерки со кои биле опфатени автобуси кои вршат јавен превоз. Притоа откриени се и законски санкционирани се седум такви возила.

– При контролата, откриени и санкционирани се седум технички неисправни автобуси од кои шест на тетовско и еден на гостиварското подрачје. Од нив, четири во Тетовско и едниот во Гостиварско имале неисправни сопирачки, додека преостанатите неисправен уред за управување и недостиг на опрема-ПП апарат, информира порпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај и против возачите и фирмите, правни лица, ќе следуваат соодветни поднесоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе