Дали градоначалниците избрани по предлог на ВМРО ДПМНЕ се градоначалници само на партијата или на сите граѓани? Ова прашање го постави СДСМ, со забелешка дека неколку новоизбрани општински „татковци“ презентираат локални проекти во работно време заедно со партискиот лидер Христијан Мицкоски.
„За една недела, во општините каде што управуваат градоначалници на ВМРО ДПМНЕ, почнати се пет капитални проекти“, велат од опозициската партија. Мицкоски објаснува дека го барал гласот на народот со ветувањата што ги давале градоначалниците на изборите.
Минатата недела, со заеднички изјави на градоначалниците и Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ објави дека: во Охрид почнува да се реализира булеварот „Македонски просветители“.
Соња Николовска