На терените на тренинг центарот Петар Милошевски се одигра второлигашкото дерби на поранешните македонски шампиони Вардар и Силекс. Во извонредна атмосфера гостите од Кратово сепак на крајот успеаа да стигнат до победа откако во првата минута од судиското надополнување Благоја Спироски им донесе победа на гостите.
Силекс поведе со погодокот на Љамалари, а Вардар успеа да израмни преку Филип Петров.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.