Вести Македонија

Обвинителството за организиран криминал ќе бара нов притвор за Јанакиески-поднесе и жалби за ниските пресуди за 27-ми април

Нова неизвесност со притворот на екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Еден му е укинат но има најава за нов.

Телма дознава, а од обвинителството за организиран криминал и корупција потврдија дека по добивањето на решението дека му е укинат притворот за предметот ТНТ ќе бараат нов за случајот организатори на крвавиот четврток.

Обвинителката Вилма Русковска во телефонски разговор вели дека не се известени за одлуката на Апелација но дека сега ќе мора да интервенира со ново барање за притвор поради опасност од бегство.

Токму денеска вели Русковска е поднесена и жалбата на пресудата за настаните од 27 ми април во Собранието со која се бара повисоки казни за обвинетите меѓу кои е и Миле Јанакиески.

Со неа тој е осуден на 6 години и три месеци затвор за Терористичко загрозување на уставниот поредок.

Повеќе во вестите на Телма во 18:30.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе