Изутринава на аеродромот во Скопје пристигна група од 4-ца новинари од Авганистан, потврди македонската влада.
“Станува збор за ТВ и радио новинари кои работеле за локални медиуми и биле дописници за странски медиумски куќи а по падот на демократската влада, добивале закани по живот од Талибанците” – велат од владата.
По барање на меѓународната организација на новинари и ССНМ, нашата држава ќе им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава.
Ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од организацијата Новинари за човекови права.
Во земјава во моментов престојуваат 534 граѓани на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош, потврди владата.