Вести Македонија Топ вести

Вакцините од Астра Зенека пред крај на рокот и уништување на она што ќе остане, се удира само втора доза

Од вчера важи новата мерка – за влез во сите објекти е потребно да се покаже сертификат дека сте целосно имунизирани против ковид, односно со две дози вакцини, или потврда дека имате прележано ковид. Но, ниту оваа мерка не ги натера граѓаните, посебно младите да појдат до вакциналните пунктови и да се имунизираат.

Ако сепак некој се одлучи да прими вакцина, а тоа да е од производителот британско-шведско производител Астра Зенека, во Македонија повеќе нема да може да ја прими. 25 илјади дози од овие векацини ќе бидат уништени затоа што на крајот од месецов им истекува рокот, а со оглед на тоа што се двете дози се примаат во растојание од шест недели, овие вакцини едноставно не можат да бидат потрошени. Може да се прими само втората доза, и тоа граѓани над 60 години.

Од министерството за здравство соопштија дека во мометов се располага со 252.680 дози вакцини од производителот Фајзер, чиј рок истекува во февруари 2022-ра, околу 25.000 од производителот Астра Зенека, чиј рок истекува на крајот од ноември,  и 5000 од производителот Синовак кои се со рок до 2023 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе