Младата македонската фудбалска репрезентација загуби со минимални 0-1 од Франција во рамки на 6.коло во квалификациите за Европското првенство во 2023 година. Избраниците на селекторот Драган Канатларовски играа борбено во текот на сите 90 минути, но еден кикс на одбраната не чинеше драгоцен бод против фаворитот.
Македонија се одлучи за дефанзивна тактика против лидерот во групата, но тоа не ни донесе позитивен резултат на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Концентрацијата попушти во 75.минута, кога Јован Манев лошо реагираше во последната линија и буквално му асистираше на Пјер Калулу за погодокот. Десниот бек на Милан по втор пат погодува против Македонија, бидејќи беше стрелец во победата од 3-0 на првата меѓусебна средба.
За „триколорите“ ова беше четврта победа по ред без примен погодок во квалификациите.
*Фото: Игор Паневски