Вести Македонија Топ вести

Влез во објектите само со сертификат за примени две дози вакцина

Од денеска за влез во објектите потребен е сертификат со примени две дози вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките, да бидат одговорни и да се вакцинираат.

Засега нема да има препорака за нови рестриктивни мерки, бидејќи сегашните се сосема доволни, но дека треба да се почитуваат, сметаат од здравство. Носењето маски, држењето дистанцата, честото миење раце и вакцинирањето, се основните принципи на кои се темелат сите мерки во борбата со пандемијата. Здравствените власти апелираат граѓаните и оваа година како и претходните, ако можат да не ги организираат или да ги организираат претстојните слави во помал семеен круг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе