Вести Македонија Топ вести

Починатата 18-годишна жена во Битола е мајка на шест неделно бебе

18 годишната девојка која завчера почина на пат до Битолската болница е мајка на 6 неделно бебе. Таа се породи  минатиот месец, но засега не се познати причините за смртта на младата жена.

Според информации на Телма, во саботата  нагло  и се влошила здравствена состојба, па со возило од населбата Баир во Битола била пренесена во Клиничката болница, но починала пред да и се укаже лекарска помош.

Во одделението за Ургентна медицина  женатa  била донесена од друго лице,  а лекар само констатирал смрт.

Од полицијата во Битола потврдија дека кај 18 годишната родилка нема траги на насилство. По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, по што треба да се утврдат причините за смртта.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе