Спорт Фудбал

Патот на Македонија до завршницата на СП во Катар

Со пласманот во баражот за настап на Мундијалот, Македонија се наоѓа на два чекори до учество на уште едно големо натпреварување. До овој момент познати се половина од репрезентациите кои ќе се борат за последните три места кои водат во Катар. Во пресрет на жрепката едно е сигурно, а тоа е дека македонската репрезентација при жрепката ќе биде сместена во вториот сад.

Во разигрувањето за настап на Светскиот куп ќе партиципираат 12 селекции од Европа. Во моментов покрај Македонија дел од баражот се репрезентациите на Португалија, Шведска, Шкотска, Русија и Полска. Покрај десетте второпласирани национални тимови од квалификациите во баражот ќе настапат и две селекции со најдобар скор од Лигата на нации кои не обезбедиле учество во Катар или не се меѓу десетте освојувачи на вторите позиции.

Во следниве два дена ќе бидат познати сите репрезентации, а меѓу потенцијалните противници се уште Италија или Швајцарија, Финска или Украина, Велс или Чешка и Турција или Норвешка додека една од селекциите која ќе обезбеди учество преку Лигата на нации е Австрија. Дванаесетте национални тима ќе бидат поделени во три групи по четири, а баражите ќе се играат по принцип на елиминација со еден натпревар, а во жрепката предност на домашен терен имаат шесте носители.

Победниците во полуфиналните соочувања ќе се пласираат во финалето, а доколку Македонија успее да победи во првиот круг тогаш финалето ќе го игра на домашен терен. Жрепката за баражот ќе се одржи на 26 овој месец додека натпреварите се на програмата во март следната година.

Полуфиналните соочувања се на програмата на 24 и 25-ти, а четири дена подоцна се играат решавачките дуели за пласман на Светското првенство.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе