Вести Македонија Топ вести

Новиот бугарски мандатар со позитивни сигнали за Македонија

Нова влада и нови пристап во односите со Македонија стигнаа како најава по вчерашните трети предвремени паламентарни избори во Бугарија. Мандатарот на новата бугарска влада, Кирил Петков, од партијата Продолжуваме со промени која освопи 25,3 проценти гласовите на вчерашните избори, на став дека односите меѓу двете земји треба да се зајакнат и тоа веднаш.

„Треба веднаш да направиме заеднички работни групи, но тие нема да бидат составени само од историчари, туку и со луѓе од бизнисот, од културата, од образованието, за да не зборуваме само за историја, туку за сѐ што може да придонесе за да просперираат и да се зајакнат добрососедските односи“, рече Петков по победата.

Според него не е нормално двете земји дане железнички поврзани, трговската размена меѓу да е на ниско ниво, а за да се стигне од Софија до Скопје треба да се оди преку Виена.

„Треба да почнеме да зборуваме за сите работи од кои може да имаме полза како добри соседи. Треба да ги направиме тие работни групи, тие да имаат јасни цели и да се среќаваат најмалку еднаш месечно. Ние треба да си ги заштитиме нашите национални интереси, тие треба да си ги заштитат нивните, но со заеднички услов, и двете страни да имаме полза од тоа“,

Ваквиот став на Петков позитивно е протолкуван во Скопје. За министерската за одбрана Радмила Шекеринска, тоа е охрабрувачка најава од Бугарија со оглед дека, како што вели Шекериска, таа со блокирањето на Македонија и на Албанија се блокирала и себе си.

„Ние ќе го имаме истиот дух на добрососедство, на отвореност и истата желба да најдеме решенија и да тргнеме напред. Ако има и пола од тој дух и на бугарска страна, како што гледаме деновиве, можно е да видиме и пресврт. Дефинитивно нов пристап ќе биде корисен и за нас и за нив“, изјави Шекеринска.

Надеж за брз прогрес во односите меѓу двете земји за надминување на спорот и старт на преговорите со ЕУ по вчерашните избори гледа и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.

„Се надеваме да видиме давидиме брз прогрес на терен. Од наша сртанба ние сме подготвени да ја завршиме работата многу, многу брзо и да го финилизираме последното отворено прашање, започнувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија уште оваа година“, изјави Вархеи.

Сепак на надежите дека во новата бугарска влада може да донесе промени во односите со Македонија и кревање на блокадата, сенка фрла се поизвесниот реизбор на Румен Радев за претседател на Бугарија, кој изминатите неколку месеци беше главниот креатор на бугарската политика кој Македонија со поставување на нов услов за кревањето на ветото. Радев кој во втор круг од изборите за претседател на Бугарија влегува со 49,4 проценти освоени гласови наспротив второрангираниот кој има 22,4 проценти вчера порача дека кревањето на ветото кон земјава не зависи од новата бугарска влада туку од Македонија и од менување на нејзината политика на дебугаризација.

Инаку Радев, по неуспешните парламентарни избори пролетта застана зад техничката влада на Бугарија во чии редови до скоро беше и новиот мандатар на бугарската влада Кирил Петков. Инаку Продолжуваме со промените на Петков освои три пеоценти повеќе од второпласираната ГЕРБ на Бојко Борисов, а извесно е дека ќе формира влада со третопласиранта Движење за права и слободи која освои 13,6 проценти, со бугарските социјалисти и со партијата на Сливи Трифунот, Има таков народ, кој на овие избори заврши петти со безмалку 10 проценти од гласовите.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе