Вести Македонија Топ вести

Нема условен отпуст за Кичеец и ќе остане во затвор до крајот на казната за „Рекет“

Скопскиот кривичен суд одлучи да не го прифати барањето на Зоран Милески Кичеец односно предлогот на директорот на струшкиот затвор за порано пуштање од затвор на осудениот на тригодишна затворска казна. Кичеец, правосилно осуден во предметот „Рекет“ според првостепениот суд ќе мора да се задржи во струшкито затвор до јули наредната година.

Милевски, шансата за слобода ќе ја бара пред Апелациониот суд каде што му стои  на располагање опцијата жалба на Решението а има рок до 8 дена да ја срочи. Тој во барањето на условен отпуст навел дека сака да работи како магационер во кафе бар за да го издржува семејството и 5-тте деца.  Во меѓувреме Милески е осуден на уште една затворска казна од 6 месеци откако со спогодба призна вина за сообраќајна несреќа која ја предизвика преминувајќи полна лента на патот Кичево-Скопје кај превојот Стража. Иако од претекнувањето на полна лента, Милески-Кичеец предизвика и смрт на еден човек, обвинителството ја прифати спогодбата и оцени дека станува збор за несреќа предизвикана од небрежност, а не со умисла. Одлуката на обвинителството и судот во Гостивар предизвика гнев и многу критики во јавноста, а одлуката ја коментираа и правни експерти според кои спогодабата е несодветна за кривичното дело.

„Можноста за ублажување на казната под законскиот минимум неспорно постои кога се донесува пресуда врз основа на спогодба на јавниот обвинител и осомничениот. Сепак, судијата на претходната постапка кој ја оценува предлог-спогодбата, има право да ја одбие  доколку најде дека прибавените докази за фактите важни за избор и одмерување на кривичната санкција не го оправдуваат изрекувањето на предложената кривична санкција. Во конкретниот случај судијата бил должен да ја одбие предлог-спогодбата“, се наведува ставот на групата за реформи во правосудството „Блупринт“

Од одбраната на Кичеец за КОД тврдеа дека предлог спогодбата била поткрепена и со откажување од кривично гонење на дел од оштетените без да прецизираат за кого станува збор. Лавдрим Сефери, адвокатот на семејството на загинатиот 32-годиешен Селими ни изјави дека тие никогаш не се откажале од гонење и очекувале државата и обвинителството да обезбедат правда. Никој не не праша за спогодбата, за казната 6 месеци затвор за човечки живот за која како и семејството дознав од медиуми, ни истакна адвокатот Сефери кој вели дека и семејството е разочарано од ниската казна.

Павле Беловски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе