Вести Македонија Топ вести

Короната ја заглави истрагата за дивоградбата на Нефи Усеини-Градежен факултет не можел брзо да изработи вештачење

Сите истраги против Нефи Усеини се заглавени во судски постапки. Еден од нив дури е стопиран оти Градежниот факултет се правдал дека поради короната не може да го изготви вештачењето. Од охридското обвинителство информираат дека имаат отворено четири предмети против Усеини и еден против неговата фирма НЕФИ – ИК, но епилог од нив нема. Една пријава е отфрлена затоа што не се гонело по службена должност.

Усеини кој повторно е избран за советник во Советот на Охрид, се уште нема верификуван мандат бидејќи не се појави на конститутивната седница. Нефи Усеини беше носител на листата на ДУИ за Охрид, а сега веќе најавува оставка и повлекување од советничката позиција.

Во продолжение листата на истраги отворени во охридското обвинителство:

– Оформен предмет во ОЈО Охрид на 03.06.2019 год. по поднесена кривична пријава од страна на лице од Скопје, која во ОЈО Охрид е доставена со Известување од СВР Охрид, По спроведување на постапката по овој предмет во ОЈО Охрид донесено е решение  со кое е отфрлена кривичната пријава против У. Н. од Охрид за кривични дела – Спречување службено лице во вршење на службено дејствие и Фалсификување службена исправа бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.

– Предмет оформен во ОЈО Охрид  на 20.06.2019 год., по поднесена кривична пријава од страна на СВР Охрид. Овој предмет е во врска со настан случен на 10.06.2019 год. во салата на Општина Охрид каде имало редовна седница на Советот на Општината Охрид, каде во текот на работењето како по точките од дневниот ред пријавениот физички го нападнал на советникот  од Охрид. По спроведување на постапката по овој предмет, ОЈО Охрид поднесе обвинителен предлог  од 21.4.2021 год. против У. Н. од Охрид за кривично дело Спречување службено лице во вршење на службено дејствие. Предметот е во фаза на судење.

– Оформен предмет во ОЈО Охрид  на 18.07.2019 год. по поднесена кривична пријава од страна на Општина Охрид против У.Н. од Охрид за кривично дело Бесправно градење. Овој предмет е во врска со објект изграден КО Охрид  – се работи за локалитет во непосредна близина  на дрвото познато како Градски чинар во Охрид. Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за вештачење на 12.08.2019 год. за Градежниот факултет Скопје и списите по предметот ги достави до Градежниот  факултет Скопје за вештачење. Градежниот факултет Скопје побара дополнителна документација, која ОЈО Охрид ја бараше со ургенција од Општина Охрид.  По прибирањето на целокупната документација предметот беше на вештачење на Градежниот  факултет Скопје од каде на 14.10.2020 год. Обвинителството со допис беше известено дека заради пандемијата не е изработено вештачењето и ќе биде изготвено  кога ќе се создадат услови. Резултатите од нареденото вештачење пристигнаа до Основното јавно обвинителство Охрид, а јавниот обвинител упати покана за распит до пријавениот. По комплетирање на предметот ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

– Оформен предмет во ОЈО Охрид на 14.08.2019 год. по добиено известување со документација од Општина Охрид, против У. Н. од Охрид за кривично дело Бесправно градење по чл.244-а ст.1 од КЗ. Овој предмет е во врска со објект – бетонска база изградена  во КО Охрид . Во текот на постапката по овој предмет, по издадена наредба за вештачење од 12.09.2019 год. од ОЈО Охрид, Бирото за судски вештачења Скопје, изврши градежно вештачење и резултатите ги достави до ОЈО Охрид на 03.01.2020 год.  ОЈО Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка од 29.01.2020 год. против У. Н. од Охрид за кривично дело  Бесправно градење по чл.244-а ст.1 од КЗ. Постапката по предметот се наоѓа во фаза на истражна постапка во рамките на која и натаму се постапува за обезбедување на потребните докази

– Предмет во ОЈО Охрид е оформен на 21.04.2021 год. по поднесена кривична пријава од СВР Охрид против повеќе лица – меѓу кои и против правното лице НЕФИ ИК ДООЕЛ Охрид за кривично дело Узурпација на недвижности по чл.225 ст.1 од КЗ. Предметот е во врска со насипување земја и градежен шут на земјиште на Р.С.Македонија на  КО Охрид населба Даљан и на брегот од Охридското езеро . Во врска со овие преземени работи на наведените парцели претходно во ОЈО Охрид беше веќе оформен предмет против едно физичко лице, па поднесената пријава беше приклучена кон веќе оформениот предмет.  Постапката  во обвинителството е во фаза на предистражна постапка и се работи на утврдување на фактите и обезбедување на потребната документација.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе