Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во баражот за Светското првенство во Катар идната година, откако вечерва со победата од 3-1 против Исланд го обезбеди второто место во квалификациската група Ј.
Езгјан Алиоски во седмата минута го најави триумфот со прекрасен гол по асистенција на Александар Трајковски. Одличната игра во првото полувреме не ја крунисавме со втор гол, па затоа Исланд не казни во 54.минута преку Јон Дагур Торстајнсон.
Потоа на сцена стапи Елиф Елмас, кој најпрво во 65.минуа погоди за 2-1. Фудбалерот на Наполи потоа со прекрасен дриблинг го мина Јоханесон, кој направи прекршок за втор жолт картон и автоматски исклучување.
Македонија ја искористи играчката предност на теренот за да постигне и трет гол, што беше дело на Елмас по една соло мајсторија во 87.минута
ФОТО: Игор Паневски