Спорт Фудбал

Ден за историја на македонскиот фудбал, со триумф до пласман во баражот за СП

Македонската фудбалска репрезентација денеска има можност да отвори ново поглавје во историјата на националниот тим. Со триумф во соочувањето со Исланд, оваа генерација има шанса да се пласира во баражот за настап на Мундијалот, а воедно и да го забележи најдобриот пласман во еден квалификациски циклус.

Селекцијата на Македонија никогаш во својата историја не била меѓу двете најдобри репрезентации во квалификациите, а тоа успех можеме да го забележиме токму вечерва кога на арената Тодор Проески во Скопје го пречекуваме Исланд и со победа ќе ја верификуваме втората позиција на табелата која води во самата завршница од битката за учество на Светскиот куп.

Триумфот во Ерменија и нерешениот резултат на Романија токму во дуелот против нашиот денешен противник широко ни го отвори портите за влез во баражот и најголемото постигнување на еден македонски национален тим во квалификациите за настап на големите натпреварувања.

Со Исланѓаните, нашите фудбалери се соочувале само во квалификации за Светскиот шампионат. Учинокот е две победи, две нерешени средби и еден пораз. Македонија двете победи ги забележала на домашен терен и тоа во 1997 и 2009 година кога сме славеле со 1:0 и 2:0. Пред 24 години, стрелец на победничкиот погодок беше Ѓорѓи Христов, а на дуелот во 2009 мрежата ја на противникот ја затресоа Ацо Стојков и Филип Ивановски.

На трите гостувања во Рејкјавик имаме само еден пораз и тоа во 2008 кога бевме поразени со 1:0. Во останатите две во 1996, резултатот беше 1:1, а голот за Македонија беше дело на Неџмедин Мемеди.

И во последното соочување пред скоро два месеци, Исланд успеа да се спаси од пораз откако по водството од 2:0 со головите на Дарко Велковски и Езгјан Алиоски домаќинот стигна до еден бод.

Натпреварот на арената Тодор Проески почнува во 18 часот, а влезниците се веќе распродадени.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе