Спорт Фудбал

Ристовски: Секој натпревар си има своја приказна, но ова е нешто посебно

По настапот на Европското првенство оваа година, македонската фудбалска репрезентација има можност да остане во трката за учество на уште едно големо натпреваување.

Со евентуален триумф на утрешниот натпревар против Исланд во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе обезбеди настап во баражот и ќе биде на два чекори до пласман на Мундијалот во Катар.

“оа што сме во една ваква ситуација е плод на целиот наш труд низ овие квалификации. Можеби на гости статистички сме подобри но не обрнуваме вниманието на тоа. Секој меч е посебно приказна, а овој пред нашите навивачи чија поддршка ја очекуваме сигурно ќе биде посебен. Не чувствуваме никаков притисок, но свесни сме дека судбината е во наши раце. Се надевам дека ќе пристапиме со ладни глави на натпреварот и со квалитет ќе дојдеме до целта. Верувам дека квалитетот сега ќе исплива на површина. Ќе бидам навистина горд ако како капитен на оваа репрезентација се избориме за првпат во историјата за бараж за пласман на Светско првенство”, истакна капитенот на репрезентацијата Стефан Ристовски.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе