Претседателот на Собранието ја коментираше најавата дека е можно утре да биде поднесена нова иницијатива за гласање недоверба на Владата и да се повлече претходната иницијатива за која седница е закажана за в четврток
Тој рече дека процедурата е отпочната и седницата е закажана за в четврток. Ако се повлече, повторно барање за гласање недоверба може да се поднесе после 90 дена, вели тој.
„Јасни се процедурите. Има седница закажана во четврток. Седницата мора да има епилог. Епилогот може да биде, се гласа недоверба – паѓа Владата, не се гласа недоверба – не паѓа Владата. После тоа наредните 90 дена не може да има повторно гласање на недоверба. Затоа е даден рок од 90 дена. Процедурата е отпочната, ако се повлече сега барање за гласање на недоверба на Влада, нема право наредните 90 дена за повторно барање за гласање на недоверба“, објасни Џафери за ТВ21.