Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Филипче: Расте бројот на новодијагностицирани случаи од ковид-19 во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче, рече дека бројот на заболени е по пораст и дека ќе има промена на епидемиолошката слика во земјава. Се очекува да заврши постапката за секвенционирање на вирусот, која треба да открие која варијатна на вирусот е доминантна кај нас. Во Козле 23 деца се хоспитализирани, а две од нив се на кислородна поддршка но не се во критична состојба.

Расте и R0 факторот на преносливот од близу единица 1,05 сега на 1,14 што е јасен индикатор дека ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка ситуација што ја имавме во претходниот период. Во однос на инциденцата последните 2 недели, според анализата на Институот за јавно здравје таа е зголемена за 28,5 во вкупно 35 градови, а во други 7 е непроменета или има одредено намалување. Ваквиот развој е очекуван со оглед на тоа што во соседните земји има огромен раст на новозаболени и силен удар кон болниците со оглед на тоа што голем дел од случаите бараат хоспитализација. Таква е ситуацијата во Бугарија со по 5.000 новодијагностицирани во текот на вчерашниот ден со 150 починати. Во Грција 8.600 нови случаи со над 50 починати, Србија 5000 заболени и 60 починати, рече филипче на прес-конференција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе