Вести Македонија Топ вести

Хоспитализирани 21 дете со Ковид-19

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле хоспитализирани се 21 дете заболено од Ковид-19, од кои две се на кислородна поддршка. Хоспитализираните деца се на возраст од два месеци до 16 години – сите деца се во добра општа состојба.

Тоа што ги загрижува докторите е потешката клиничка слика со која се карактеризира болеста во овој бран.

Доктор Галбова која секојдневно е со најмладите пациенти предлага до надлежните да размислат дури и за привремен прекин на наставата во период од две недели, за да се прекине ланецот на нови случаи, бидејќи ако пред некое време ретки биле случаите на зараза во класовите, сега по 4-5 деца се во изолација.

„Двомесечно бебе е најмладиот пациент којшто во моментов се лекува во детската болница „Козле“. Но лекарите велат колку се помлади децата, толку полесно го поминуваат вирусот, затоа што не развиваат пневмонија“.

Исклучително ретки се случаите, толку млади пациенти да развијат пневмонија. Тоа обично е случај кај пациентите над 9 годишна возраст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе