Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција најави дека земјата ќе набави од вакцината против Ковид-19 на производителот Џонсон и Џонсон и дека станува збор на количина од 250.000 дози, која се инјектира во една доза.
Сѐ уште немаме конкретна информацијата. Беа најавени во два наврати, еднаш како информација и можност која ја прифативме и другата пред две недели со дефинитивна потврда дека тие може да се наменат за нашата земја. Рокот на овие вакцини е до 2023 година, но конкретен датум за нивното пристигнување, сѐ уште немаме – изјави филипче.