Македонија Топ вести

Со пурпена оштетена колата на поранешната претседателка на Советот на Град Скопје од СДСМ Љубица Јанчева

Паркинг во општина Аеродром спроти полициската станица. Возило бела „Шкода“. Вратите и хаубата изутринава зацементирани со градежен материјал „пурпена“. Возилото е на поранешната претседателка на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева и трет пат во една година е мета на вандали.

Јанчева која е партиски функционер на општинската органзиација на СДСМ во Аеродром и советник во Град Скопје нападот врз возилото им го препишува на политичките неистомисленици, а на новоизбраниот градоначалник на општината каде што живее, му порача дека безбедноста и сигурноста на граѓаните е загрозена. Додава дека ова не е првпат некој да ѝ испраќа пораки на ваков начин. Сторителите ги повикува да разговараат, а не да се служат со вандалски мерки во 21 век.

На дирекнтата прозивка од Јанчева до градоначалникот Тимчо Муцунски дека заплашувањето е наменето кон политичките неистомисленици, Муцунски вината ја посочи кај Министерството за внатрешни работи. Го осуди чинот и побара редовни патроли кои ќе ја гарантираат безбедноста на сите жители во Аеродром.

Возилото на Јанчева е во раце на МВР за да се откријат сторителите, и целта на овој вандалски чин кој се одвивал во непосредна близина на полициската станица во општина Аеродром.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе