Економија Топ вести

Рафајловски: Прогнозата на Народната банка дека инфлацијата ќе биде 3,1 процент е преоптимистичка и нереална

Повисоките цени на храната и енергенсите силно ќе удрат по стандардот на граѓаните, предупредуваат познавачите. По рафтовите во маркетите секојдневно се лепат нови повисоки цени на основните прехрамбени продукти, а тој тренд ќе продолжи. За бизнисменот Горан Рафајловски инфлација од 3,1 процент, колку што прогнозира Народната банка за годинава, е преоптимистична и нереална. Вели целта е да не се крева паника кај граѓаните.

Го разбирам ставот на Народна банка да не крева паника со искажување на бројки во инфлацијата кои што дефинитивно кај луѓето ќе предизвикаат паника. Но инфлација од само 3 проценти не е возможна во ситуацијата во која што во моментот се наоѓаме. Дел заради поскапување на енергенсите, дел заради поскапување на сите останати производи кои зависат како и цело производство од енергенсите,а и од репроматеријалите од кои што се произведуваат. Така што бројката е преоптимистична и класично нереална, тврди Рафајловски.

Рафајловски предупредува дека ние секогаш доцниме со решавањето на кризите. Вели уште немаме решение за енергетската криза, а со финансиската и инфлацијата сигурно ќе се занимаваме до година.

Нашата земја секогаш се занимава со кризите откако веќе другите ќе ги решат. Енергетската криза ја решаваше цела Европа во периодот на септември и октомври месец и за нив е таа решена, сега веќе на големо се решава финансиската криза и инфлацијата. Јас верувам дека во нашата земја решавањето на финансиската криза и на инфлацијата ќе почне догодина во јуни месец, вели рафајловски.

Граѓаните пак стравуваат до кога ќе одат нагоре цените на основните прехрамбени производи. Велат поскапено е се – од леб, масло, месо, зеленчуци. Тоа силно удира врз нивниот џеб.

Статистика пак измери дека трошоците за живот во октомври годинава се за 4,1 проценти повисоки од истиот месец лани, а цените на мало за 6,1 процент. Храната е поскапена за 4,6 проценти, транспортот за над 18, маслата за 25, зеленчукот за 12 , а гасот и горивата за над 30 проценти.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе