Регулаторната ќе направи се да се избегнат ценовни шокови, но поскапување на струја од јануари ќе има, потврди претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски. Колку ќе биде поскапувањето засега никој не може да предвиди, а Регулаторна ќе ги искористи сите опции кои се на располагање како намалување и укинување на профит и маржи, но ако треба и Владата со буџетски средства да го намали ценовниот шок.
Претседателот на Регулаторна, е дециден дека рестрикции не се опција бидејќи дури тогаш ситуацијата ќе се влоши, системот ќе се распадне, а цените за увоз на струја ќе бидат астрономски.
По енергетската криза потребно е да се изгради нова стратегија а тоа вклучува и изградба на нови капацитети на зелена енергија, сметаат првите луѓе на Регулаторна и МЕПСО.
Домашните капацитети кои се десеткувани, поради недостиг на енергенси за производство или поради дефекти и ремонти, а вчера вкупното производство на ЕСМ беше 5.630 мегавати.
Денеска цената на мегават час струја на берзата „Хупекс“ според која и во Македонија се пресметува цената на струја е од 178 до 208 евра и бележи пад од 15 отсто споредено со вчера, но затоа пак утре веќе ќе поскапи за десетина отсто и ќе се движи од 202 до 225 евра.
А од македонската банкарска асоцијација денеска соопштија дека нивните членки, по прогласената кризна состојба, ќе ги изгасат светлечките реклами на сите филијали и експозитури за да се заштеди струја, но и да дадат пример на останатите чинители во општеството.
Огнен Чанчаревиќ