Економија Топ вести

65 милиони евра е финансиската инјекција на Владата по прогласувањето на кризна состојба

Енергетска кризна состојба во траење од триесет дена е одлуката која што Владата ја донесе на денешната седница. Целта на оваа владина мерка е да се ублажат последиците од кризата во енергетскиот сектор и да се овозможи финансика инјекција за државните енергетски компании со која ќе останат ликвдни и ќе може да продолжат да купуваат струја од безите.

Владината одлука доаѓа по петочната препорака на Комисијата за проценка на енергетскиот сектор и извештајот на МПЕСО за проценка на стабилност на енергетскиот сектор покажал дека постои ризик.

Иако домашните капацитети за производство се десеткувани, нема залихи на јаглен и се случија неколку хаварии, на денешната седница не се разгледувало прашањето за евентуално разрешување на директорите на МЕСПСО и ЕСМ, Кутштрим рамадани и Васко Ковачевски. Министерот Бектеши, кој самиот кажа дека една од причините за моменталната состојба во енергетскито сектор е недомаќинското работење, денеска не посочи со прст во никого, но додаде дека негов личен став е дека има одговорност кај раководните лица именувани од Владата.

А кога домашните капацитети ќе бидат целосно во погон и вклучени на мрежата прецизен одговор нема ниту од министерот Бектеши. ТЕЦ Осломеј треба да почне со работа на 1 декември и дотогаш треба да почнат испораките  на јаглен од Косово, ТЕЦ Неготино чека Владата да одлучи како ќе го снабди со мазут за да може нрпечено да работи а до крајот на неделава најавено е вклучување во погон на Блок 2 во РЕК Битола. По петочната хаварија на трафостаницата на Блок 3 во Комбинатот, тој може да почне со работа најрано кон средината на идниот месец.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе