Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Расте бројот на заразени и починати, 49 пациенти по вторпат се заразиле

33 од 34 градови низ Македонија се обележани со црвени точки на мапата на Институтот за јавно здравје како места каде што минатата недела се ширел вирусот.

А, заразата се распростанува со поголем интензитет во споредба со претходната недела, анализираат епидемиолозите во неделниот извештај.

Направени се и повеќе тестови.

Во периодот од 1 до 7 ноември се запишани 3.504 нови позитивни случаи, што во споредба со 2.804 од неделата пред тоа, е зголемување за цели 25%.

Најзабележително зголемување на бројот на заболени има во возрасната група од 0 до 9 години, или во проценти изразени тоа 33%.

„Според проценката на ситуацијата, земајќи ги предвид показателите на Светската здравствена организација за можноста за понатамошно ширење на вирусот и капацитетите за одговор на земјата, се проценува дека Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија и е со умерени капацитети за одговор“ пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Минатата недела се пријавени дури 49 реинфекции. Пациенти се заразуваат по вторпат и тоа не е новитет, за споредба, во последната недела од октомври биле запишани 38.

Во однос на смртноста, пријавени се 79 починати во 19 градови, во споредба со 71 смртен случај во претходната недела.

Петар Догов

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе