Вести Македонија Топ вести

Заседаваат партиските органи на СДСМ – ќе поднесе ли Заев оставка?

„Честит роденден, драга младино! Одбележуваме 30 години од постоењето силна и развојна социјалдемократска младина!“

Ова е последната објава од СДСМ на социјалните мрежи. Доаѓа во момент кога целата јавност споделува дилема: ќе даде оставка Зоран Заев или не.

Тој не дал ниту една изјава откако по вториот круг понуди оставки и од премиерската и од партиската функција, разочаран од изборните резултати. Вечерва, ќе ги разгледуваат и членовите на Извршниот и на Централниот одбор. До последен момент, останува неизвесна оставката на лидерот и нејзиното прифаќање.

Ако го направи тоа, стартува рокот од 15 дена, во кој Извршниот одбор треба да донесе одлука за распишување предвремени внатрепартиски избори за нов лидер.

Во партијата провејува и мислењето дека сега не е време за оставки, туку за континуитет во справувањето со здравствената и енергетската криза.

Ако ги послуша ваквите аргументи, Заев ќе ја одложи оставката за некоја наредна седница на партиските тела.

Тие ќе заседаваат на два дена пред расправата за доверба на Влада, што во Собранието ја побараа ВМРО ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива, Беса и Левица. Иницијативата ја поднесоа откако Заев не го испочитува рокот што му го даде Мицкоски за да си замине од премиерската функција.

Сега, се шпекулира дека СДСМ има намера уште еднаш да покаже дека ВМРО ДПМНЕ нема мнозинство да ја урне Владата.

Но, се шпекулира и дека Заев денес-утре ќе даде оставка која треба без дискусија да се констатира во Собранието на првата наредна седница, што би значело дека ќе нема расправа, иако опозицијата интензивно се подготвува.

На сите политички и деловнички калкулации, владеачката партија кусо одговара: „СДСМ продолжува да разговара и да иницира соработка со сите прогресивни и демократски сили, со цел да обезбедиме стабилна иднина на нашата држава и на целиот народ“.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Дваесет години маратон не се слави, ние не ја напишавме тажната приказна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе