Вести Економија Топ вести

Еден блок во РЕК повторно во функција, Владата ќе прогласи кризна состојба

Првиот Блок на РЕК Битола повторно е во функција, произведува струја и е приклучен на енергетската мрежа, соопштија од раководството на Комбинатот. РЕК Битола речиси 24 часа беше комплентно исклучена и не поризведе ниту еден киловат откако Блок 1, едниствениот кој работеше, мораше да биде исклучен заради минихаварија и поправка на дефект, пукната цевка во котелот.

Од ЕСМ најавуваат дека до крајот на неделава треба да заврши ремонтот во Блок 2, кој бил плански, и тој да биде ставен во погон и да почне да произведува струја за домаќинстава. Блок 3 по петочната хаварија ќе биде во погон најмалку еден месец, тврдат извори за Телма.

ТЕЦ Осломеј не е во функција, и таму се врши ремонт, и истовремено се чека на јагленот од Косово без кој не може да се рестартира. ТЕЦ Неготино чека мазут од државата за да ги вклучи двата блока чиј капацитет е 180 мегавати.

Со оглед на фактот дека домашните капацитети се десеткувани и произведуваат далеку под минималните потреби на домаќинствата ЕСМ во изминативе неколку дена од берзите купи 31 илјада гигавати струја за 6,5 милиони евра

Извесно е дека денеска Владата на денешната седница ќе ја прифати препораката на Комисијата за прогласување на енергетска кризна состојба. Министерот за економија, Крешник Бектеши, нагласи дека препораката за прогласување на кризна состојба е со цел да се отвори можност за финансиска помош со буџетски средства во ЕСМ и МЕПСО и со тоа да може да се интервенира во увозот на струја.

Огнен Чанчаревиќ 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе