Вести Македонија Топ вести

Судскиот совет го назначи Иван Џолев за в.д. претседател на скопскиот Кривичен суд

Судскиот совет на РС Македонија денеска на седница го назначи Иван Џолев за в.д. претседател на скопскиот Кривичен суд.

Џолев беше и досегашен претседател на најголемиот суд во Македонија, а денеска му истече 4-годишниот мандат.

Портпаролот на судскиот совет, Љубиша Арсиќ,  информираше дека во случајот со определување на в.д. претседател на Основниот кривичен суд, Судскиот совет постапи според членот 89 од Законот за судовите во кој е наведено:

-Во случај на разрешување или престанок на мандатот на претседателот на судот, до избор на нов претседател на судот, Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите во судот определува вршител на должноста претседател на судот кој во последната година е оценет со највисока позитивна оцена и во однос на останатите судии има добиено најголем број бодови.

Значи, Судскиот совет не избра претседател, туку определи, согласно законот, вршител на должноста претседател на Основен Кривичен суд, судијата Иван Џолев.

“Зошто Судскиот совет избира в.д. претседател? Имено, законот вели дека оглас за избор на претседател на суд се распишува 60 дена пред истекот на мандатот, но овие 60 дена се погодија во кампањата на локални избори. Локалните избори беа закажани на почетокот на август, а имајќи ја предвид препорката на Антикорупциската комисија, дека Судскиот совет не смее да избира и разрешува судии за време на изборна кампања, едноставно не можеше да се распише оглас за избор на претседател” – вели Арсиќ.

Во случај на определување на в.д. претседател на суд не е потребно распишување на оглас. Во блиска иднина ќе биде објавен оглас за избор на претседател на Основен кривичен суд, како и на други три основни судови, Тетово, Куманово и Ресен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност предлага УНЕСКО- властите да преземат итни чекори

Дејан Дејан

Силјановска – Давкова: амандманите излобиран од бугарски европратеници се показател дека ЕУ има сериозен проблем со демократијата

Дејан Дејан

Европратениците дебатираат за извештајот на Вајц за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе