Со букет цвеќе и желби за успех, поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов ја дочека неговата наследничка Данела Арсовска. Арсовска седна во градоначалничката фотеља и во наредните 4 години ќе раководи со главиот град.На официјалното примопредвање на функцијата таа била запозната со сите отпочнати, а недовршени проекти .
Арсовска не даде изјава за медиумите и најави брифинг за среда.На локалните избори таа го победи Шилегов со 28 130 гласови повеќе.Во изборната кампања вети дека во првите 82 дена од мандатот ќе реализира 15 проекти, чистење на сите депонии, бесплатен јавен превоз, ветинг на директорите на јавните институции кои се под ингеренции на градот, ревизија на данокот на имот, намалување на цените на паркинзите, а ќе се формира Зелен градски совет. Арсовска на изборите настапи како независен кандидат, а беше поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива.
Јулијана Пешевска