Вести Македонија Топ вести

Отказ или кривична за воинствените изјави на државната функционерка Шкодране Дардишта

По бурните реакции и оградувањето на Македонски Телеком од членот на управниот одбор Шкодране Дардишта заради нејзините воинствени повици на фејсбук профилот, владата отвора инцијатива за испитување одговорност, но без одговор дали ќе ја повлече Дардишта од позицијата член на управен во Телеком.

„Сите избрани и именувани функционери се должни да го почитуваат Кодексот за етичко постапување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од Владата. Во спротивно се покренува иницијатива а испитување одговорност и нивно разрешување, доколку се потврди дека го прекршиле Кодексот. Принципиелно, како и во неколку досегашни случаи, Владата пристапува со сериозност и на овој случај,“ информираат од владата

На партиската активистка на ДУИ и поранешен член на ОНА и се заканува и кривична пријава од јавното обвинителство доколку обвинителството утврди вина и собере докази, се наведува во одговорот од ЈОРМ.

„Јавното обвинителство ги следи информациите и ќе ги испита сите околности во врска со објавата. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело кое се гони по службена должност, Јавното обвинителство ќе постапи согласно своите надлежности,“ се наведува во догворот на обвинителството

Приватниот став на  Шкодране Дардишта, доби осуда и од нејзиниот партиски лидер Али Ахмети а по бурните реакции во јавноста се огласи и поранешниот учесник во конфликтот Стојанче Ангелов кој и порача да не ги потпалува страстите на младите од својата удобна фотења, бидејќи времето на конфликти е завршено.

Поранешната директорка на службата за општи работи на Клиничкиот центар, незадоволна од развојот на настаните на политичката сцена, упати закани преку својот профил на Фејсбук, и порача дека сеуште на таванот ги чува војничките чизми за час подоцна да објасни дека реакцијата се однесувала на политичката борба меѓу партиите.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе