По завршувањето на состанокот на Генералниот совет на ДУИ кој се одржуваше во Тетово, портпаролот на партијата Бујар Османи изјави дека претседателот на партијата Али Ахемти едногласно е избран за да разговара со сите политички партии од двата блока, освен оние кои не поддржуваат ЕУ интеграција, со цел да се реши ситуацијата во која се наоѓа државата по локалните избори. ДУИ, рече Османи, е партија за која стабилноста во државата и преговорите со ЕУ се од најголем приоритет. Во меѓувреме, продлжуваат и разговорите со САД и НАТО сојзуниците.
Османи: Ахмети е овластен да разговара со сите политички партии , освен со тие што не се за ЕУ интеграции
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.