Вести Македонија

Млади Битолчани решиле да не си ја пробуваат среќата во странство, туку да почнат свој бизнис дома

Ана Ристевска сопственик и управител на ИТ компанија од Битола,  ги повикува младите  да не чекаат државно вработување, туку да се обидат  да основаат  свој бизнис. Ги охрабрува  своите врсници да запливаат во  водите на претприемништвото, затоа што има многу можност, но потребно  е повеќе да се истражува

-Да се изнајде точната потреба на пазарот  е клучно. Има и  финансиски и  кадровски можности . Доколку се бара соодветно може да се најди, но сепака да се најди точната потреба на пазарот  точно што сакаат клиентите, тоа е најважниот момент кој што треба да го направат младите бизниси, бидејќи доколку се таргетира точната група на клиенти, тогаш успехот е загарантиран“, рече Ана   Ристевска.

Иако нема точна бројка, Битола со години се соочува со иселенички бран, но они ние кој останаа  велат и тука  може да се биде успешен. Билјана Ванчевска, која е единствената жена кај нас  сопственик на дигитализирана заботехничка лаборатрија, вели дека се гордее со одлуката  да остане дома  и да започне свој бизнис.

-Младите мислат дека надвор полесно ќе успеат, а во таа урбана џунгла можат само да се загубат. Јас со тоа што останав во Битола добив повеќе време за семејството, повеќе време за пријателите, за дружба со пријателите, вели Билјана Врцал Ванчевска.

Не секогаш парите се пресудни за отворање сопствен бизнис, поважни се визијата и храброста, заклучија учесниците на јавната дискусија во органзиација на МКЦ Битола на тема „Можности за поддршка и развој на бизниси“.

 

Најдобро може  да се снајдеш во родното огниште, во сопствената средина. Битно е да постои храброст и добра идеја за отпочнување сопствени бизнис, вели Сашо Додовски, МКЦ-Битола.

Во Битола има вкупно 5400 невработени кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување, а една третина од нив се на возраст до 39 години.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе