Вести Економија Топ вести

ЕСМ ќе набави 26 илјади мегавати електрична енергија за 5,5 милиони евра

ЕСМ Продажба склучила два договори со две различни фирми за набавка на 26 илјади мегавати електрична енергија кои ќе чинат 5,5 милиони евра. Според договорот, испораката започнува од денес, а ќе трае до 20 ноември. На веб-страницата на Електрани на Северна Македонија се објавени документите за набавката. Сето ова се случува на прагот на енергетската криза во која влегува државата. Пред само два дена Комисијата донесе заклучок да препорача прогласување на енергетска кризна состојба и заклучокот ќе биде разгледуван на владина седница во вторник. Големото трошење на државата во краток временски рок, наиде на остри критики од страна на опозицијата.

Заедно со првите 15 милиони евра кои ги плати МЕПСО за крадење од европската мрежа, тоа се 20 милиони евра кои државата ги дава за да не остане без струја. На државата буквално ѝ се заканува да снема струја или да ја плаќа екстремно скапо., соопштија од ВМРО ДПМНЕ.

Најкрупниот дел од набавката на 26 илјади мегавати по цена од 5 ипол милиони евра, односно 15 илјади мегавати, ќе бидат набавени по цена од 228 евра за мегават час, што е и највисоката цена. Остатокот ќе биде набавен – дел за 198 евра, а дел за 205 евра за мегават час. МЕПСО претходно повлекуваше струја од европската мрежа за задоволување на дневни потреби поради намалено производство, а токму поради тоа Владата од буџетот ќе издвои 15 милиони евра.

Во МЕПСО ќе се вбризгаат 15 милиони евра за тие прекршоци за таа струја. За граѓаните, енергетските компании, сите ние да не плаќаме дополнителна цена на електричната енергија во однос на пенали, на маржи и слично – ние ќе вбризгаме средства сега преку буџетот (15 милиони евра). МЕПСО ќе ги плаќа тие средства кон сите снабдувачи или пак меѓународната мрежа од каде што е повлечена електрична енергија., изјави министерот за економија Крешник Бектеши во петочното гостување на Топ Тема. 

Министерот упати апел граѓаните да не стравуваат дека кризната состојба во енергетиката значи и дека ќе има рестриктивни мерки во делот со електрична енергија.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе