Вести Македонија Најважни

СДСМ се сомнева дека Мицкоски може да направи Влада, малите партии бараат лидерска средба и вонредни избори

СДСМ се сомнева дека Мицкоски има капацитет, одговорност и  може да формира нова Влада. Неговата цел е само интересот за власт, без политичка идеја, вредности и платформа за делување. Ќе видиме деновиве дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-Нато и анти-ЕУ Влада, велат од владејачката партија.

Денеска народот слушна од Мицкоски дека целта му била да руши Влада со политичка партија која е дел од актуелната влада – БЕСА, дека земјата ќе ја носел напред ама со анти-НАТО и анти-американски коалиционен партнер – Левица.Не може тие што ги кочеа сите прогресивни процеси, интерграцијата во НАТО и ЕУ, порастот на платите да бидат опција за иднината.Конфликтот на принципи, конфликт на ставови, конфликт на политики и конфликтот на вредности на сите овие политички субјекти кои ги споменува Мицкоски не може да испорача ништо за интересот на граѓаните, ниту пак за националните интереси на државата.

Коалициските партери на СДСМ бараат итна лидерска средба и решение за политичката криза, нова Влада или предврмени парламентарни избори.Претседателот на ДПА Мендух Тачи смета дека она што во моментов го прави опозицијата вклучувајќи ја и Беса е голем театар.

Пресврти се можни, бидејќи работите се движат како на филмска лета во Македонија, сите опции се отворени, се е можно, вели лидерот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов кој го повика Претседателот на државата Стево Пендаровски веднаш да ги свика на заедничка маса лидерите на сите партии, вклучувајќи ги и и малите.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот ФБ профил напиша дека за актуелните случувања во контакат е  и координација со стратешките партнери САД,НАТО и ЕУ.

 Нема да делуваме ниту со емоции, ниту во еуфорија.  Имам многу повици, нарачки и поддршка од сите страни, благодарам и не можам да ви одговорам на сите, ви кажувам дека заедно ќе успееме. За сите случувања ќе бидете известени однапред. Заедно засекогаш и во секое соочување.

Премиерот Зоран Заев се уште ја нема депонирано оставката во Собранието. Се очекува разврска на целата ситуација во текот на идната недела.

Јулијана Лефковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе