Вести Македонија Најважни

Мицкоски: Ако не направам влада, ќе бараме брзи парламентарни избори

Овие избори значеа референдум за оваа влада и нејзините политики. Заев мора да падне затоа што ги изневери очекувањата на народот, владее со измами и пазарења, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.

ВМРО ДПМНЕ влегува храбро и се ставаме на страна на народот, затоа по изборите тргнав во создавање на ново мнозинство. Заедничкиот блок меѓу ВМРО ДПМНЕ, Алијанса за Албанците- АЛтернатива, партијата Левица и движењето БЕСА е коалицијата против криминалот на власта. Очекувам мнозинството да се зголеми. Ќе се обидам ќе се обидам да формирам нова влада само ако сум сигурен дека тоа ќе биде влада на сериозен кредибилитет. Ако не се постигне оваа цел и не обезбедам полна ефикасност на владата, ми останува да барам брзи предвремени парламентарни избори за народот да одлучи за новата иднина, рече Мицкоски.

Не сакаше да го коментира ФБ статусот на Апасиев од Левица кој напиша дека нема да биде дел од владата со ВМРО ДПМНЕ, туку со нивните потписи само помагаат да падне владата на Заев.

Мицкоски рече дека ја очекува оставката во Собранието од Заев во понеделник, и ако не се достави, ќе ја активира инцијативата за гласање недоверба на актуелната влада.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе