Вести Економија Топ вести

РЕК Битола денеска повторно произведува струја, но само со третина од капацитетот

По синоќешниот пожар во РЕК Битола, најголемиот производител на електрична енергија во земјава  повторно произведува струја , но само со третина од капацитетот.  На мрежа е вклучен првиот блок, додека третиот е надвор од производство,  откако синоќа еден час пред полноќ пожар го зафати надворешнито трансформатор, а од безбедносни причини заштитата го исклучи и другиот блок. Нема повредени ниту жртви во оваа хаварија во РЕК Битола.

Сеуште не се знаат причините з апожарот, противпожарните екипи брзо го изгаснаа и нема повредени во оваа хаварија во РЕК Битола. 

Од Државните електрани велат дека  нема дополнителни хаварсиски оштетување, а  се истражуваат причините за пожарот.

Локацијата е обезбедена и екипи на АД ЕСМ и на надлежните служби ќе ги истражуваат причините за настанот. АД ЕСМ најостро ги демантира сите шпекулации за наводно нестручно и несовесно работење и оперирање, со оглед на тоа што се работи за процес на производство со опрема стара над 40 години. За компанијата е најважно што нема повредени лица во при настанувањето на пожарот и неговото санирање, се наведува во соопштението од АД ЕСМ

Од компанијата наведуваат  дека за помалку од еден час Блок 1 беше рестартиран и вратен на мрежа, а од денеска во утринските часови работи со полн капацитет. Вториот блок беше во редовен сервис и требаше да биде пуштен во погон со јагленот кој РЕК Битола го набавиува за производство на струја, но ќе биде приклучен веќе од следната недела.

ТЕЦ Осломеј е исто така  се подготвува за прозиводство на струја од декември, со 300 илјади тони набавен јаглен. Останатите капацитети на Државните електрани- хидроелектраните, гасната електрана и ветерниот парк Богданци се во функција, информираат од ЕСМ.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

„Повредата е толку осетлива што од минута во минута создава нови проблеми“ вели мајката на повредениот син во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

(Видео)Нов протест за Фросина – нејзиното семејство незадоволно од пресудата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе