Вести Македонија Најважни

Мицкоски во обид да создаде нова влада

Ако до понеделник премиерот не ја поднесе оставката, пратениците кои се потпишаа на иницијативата за ново мнозинство, ќе ја почнат процедурата за негова смена. Ова го најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, кој ќе се обиде да формира нова влада. Ако не успее, новото мнозинство ќе распише брзи избори кои би се одржале напролет, а ќе ги организира пржинска влада.

Мицкоски од говорницата неколкупати ги покажа листовите на кои се потпишани 61 пратеник. Тврди дека се прават жестоки притисоци врз нив, за да го повлечат потписот но, нема дилема дека некој ќе се предомисли. На списокот, покрај  пратениците од ВМРО ДПМНЕ, се и потписите на пратениците од Алијанса за Албанците,  Алтернатива, Левица и Беса. Експертска влада за Мицкоски не е опција. На прашањето, дали би влегол во постизборна коалиција со ДУИ, одговори дека намерата му  е ДУИ да се развластат. Доколку СДСМ и ДУИ не поддржат предвремени избори, ќе ги чуе нивните аргументи, па потоа ќе  дискутираат.

Најави лидерска средба со лидерите на партиите кои застанаа зад иницијативата за ново мнозинство, а ги повика и сите лидери, ако дојде до одлука за избори, да седнат и да го договорат датумот.

Не сакаше да  коментира ништо за изјавите на Димитар Апасиев од Левица, кој на фејсбук напиша дека, „овој договор, во ниеден случај, не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ„.

И Африм Гаши од Алтернатива, во синоќешната изјава кажа дека има свои услови за влез во идна влада.

Арбен Таравари од Алијанса, пак, во утринска емисија вели  дека планот на неговата партија е сега да се формира нова влада која ќе раководи до есента идната година и тогаш да се организираат предвремени избори. За тоа време, според него, ќе се развластат, пред сѐ, структурите на ДУИ во државните институции.

Од БЕСА молчат, иако потресот го предизвикаа токму тие, откако се потпишаа за ново мнозинство, револтирани од одлуката на ДИК, да се прифати приговорот на ДУИ и да се прегласува во Желино, каде победија со разлика од само 69 гласа.

 

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе