Спорт Фудбал

Чави самиот ќе плати пет милиони евра за да се врати во Барселона

Чави наскоро ќе биде промовиран во нов тренер на Барселона, откако денеска го раскина договорот со Ал Сад, тим што го водеше две години и каде ја заврши играчката кариера.

Катарскиот клуб се согласи на да го пушти Шпанецот да се врати, ако Барселона ја плати откупната клаузула од пет милиони евра.

Сепак, каталонскиот гигант поради финансиските проблеми и рестрикциите наметната од Финансискиот фер-плеј на УЕФА, не може да ги уплати парите на сметка на Ал Сад.

Чави самиот ќе плати пет милиони евра само да се врати во својот матичен клуб и да го извади од моменталната кризна ситуација. Негогашниот фудбалер од средниот ред за Каталонците одигра 767 натпревари во 17 сезони и освои фантастични 25 трофеи.

Тој денеска се поздрави со своите досегашни играчи и со сите вработени во Ал Сад, бидејќи официјално го имаше последниот работен ден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе