Вести Македонија

Нова група од 131 авганистански граѓанин вработени во Обединетите нации пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје синоќа пристигна група од 131 граѓанин на Авганистан. Се работи за вработени на Обединетите нации, за кои Северна Македонија обезбеди привремен престој до нивното заминување во трета држава.

Од владината прес-служба информираат дека земјава со ова продолжува да помага во меѓународната хуманитарна операција за помош на цивили кои се под опасност од новата талибанска власт.

По слетувањето, беше спроведена стандардната процедура- безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест.

Како што соопштија од Владата, тие ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации.

Инаку, во земјава во моментов престојуваат 531 граѓанин на Авганистан, за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош.

Од Северна Македонија до сега заминаа 84 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија и Бразил.

Нова група авганистанци од земјава заминаа за Португалија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе