По одлуката на ДИК за прегласување на избирачкото место 2107 во општина Желино, генералниот секретар на паријата Аријанит Хоџа рече дека одборот ќе разговара за напуштање на владата.
„Ќе се зборува со одборот на партијата. Ако ме прашувате за мојот личен став, јас сум за напуштање на мнозинството“, изјави Хоџа за ТВ21.
Хоџа претходно на својот Фејсбук профил напиша: „Желино, кадешто се роди една партија (како Движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада“.
Во општина Желино во вториот круг од локалните изобри победи Блерим Сејдиу од Движењето Беса, кој освои 69 гласа повеќе од неговиот противкандидат од ДУИ, Фатмир Изаири.
ДУИ поднесе два приговори до ДИК за зпштина Желино, со објаснување дека отпечатоците од прст не се совпаѓаат со бројот на гласачите и оти граѓанин гласал со неважечка лична карта.
Согласно член 148, став 3 ДИК едногласно одлучи да биде отворена избирачката кутија со цел да се утврди дали граѓанинот гласал со неважечка лична карта на избирачкото место 2107, а потоа и да се утврдат неправилностите во гласањето со отпечаток од прст. За да утврди дали имало неправилности Комисијата побара да ОИК од Желино да и достави посебни обрасци на избирачките списоци со решенија за запишување на посебно избирачко право.