Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Роберто Фирмино ќе мора да паузира околу еден месец поради повреда на задниот бутен мускул.
Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп ги потврди лошите вести, бидејќи Бразилецот се повредил за време на натпреварот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони одигран во средата.
Негова замена во нападот веројатно ќе биде Диого Жота, но Клоп на располагање го има и Дивок Ориги.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.