Ковид19 Македонија

Нови 606 случаи со Ковид-19, седум починати, 320 оздравени пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од направени 3.257 тестирања, регистрирани се 606 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 238, Битола – 63, Кочани – 30, Кавадарци – 29, Куманово и Прилеп по – 28, Штип -22, Велес – 20, Гевгелија – 19, Тетово – 15, Неготино – 12, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по – 7, Гостивар, Радовиш и Кратово по – 6, Виница – 5, Струмица – 4, Струга – 3, Ресен и Македонска Каменица по – 2, Валандово, Богданци и Македонски Брод по – 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица, од кои пет од Скопје (69г, 71г, 79г,  81г и 82г) и две лица од Велес (68г и 69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 320 оздравени пациенти. Од Скопје – 157, Куманово – 31, Крива Паланка – 19, Штип – 13, Прилеп и Тетово по – 12, Кочани и Струмица по – 11, Битола – 9, Пробиштип – 7, Берово – 6, Делчево – 5, Гевгелија, Демир Хисар, Ресен и Валандово по – 3, Велес, Кичево, Радовиш и Македонска Каменица по – 2, Кавадарци, Свети Николе, Гостивар, Кратово, Виница, Богданци и Пехчево по – 1

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 20.08.2021 до 04.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово(1) и Гостивар (1) на возраст од 72 до 83 години, од кои сите 3 се починати во домашни услови.

Направени се 3.029 тестови преку: ИЈЗ-267, ЦЈЗ Скопје-51, ЦЈЗ Битола-91, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–68, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–162, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-183, Биотек-140, Систина-77, лабораторија Лаор-88, Синлаб-12, Ремедика-15, Плодност–49, Генеа-5, Никоб лаб-299, ВФВ Медикал-27, Ели Медика-51, Ројал Медика –7, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.465.

Досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.022, бројот на оздравени пациенти е 190.266, на починати е 7.204, а бројот на активни случаи изнесува 7.552.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе