Вести Македонија Топ вести

Нови шест пратеници ќе седнат во собраниските клупи на местото на новоизбраните градоначалници

Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува  мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.

Локалните избори 2021 донесоа промени во собранискиот состав откако четворица пратеници победија во првиот круг од изборите. Тоа се Костадин Костадинов од СДСМ, кој сега е градоначалник на Струмица. На негово место треба да дојде Љубица Спасова со реден број 12 од листата на партијата на минатите избори.

Тимчо Муцунски е нов градоначалник на Општина Аеродром. На негово место доаѓа Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше на осмото место на листата на партијата и коалицијата во првата изборна единица.

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Општина Бутел. Во собраниските купи ќе го замени Зоран Коцевски, кој на листата на пратеници во втората изборна единица беше на осмото место.

Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Штип, и на неговото место во Собранието доаѓа Драган Ковачки од третата изборна единица.

Во вториот круг од локалните избори градоначалници станаа и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и Биљал Касами од БЕСА во Тетово.

На дневен ред на 51 седница се вкупно 14 точки, меѓу кои Предлог на одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, предлог-законите за Академија за судии и јавни обвинители, за адвокатура, за граѓанска одговорност за навреда и клевета, сите во прво читање.

Пратениците треба да дискутираат и за Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, во второ читање, Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, во прво читање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе