Николо Барела потпиша нов петгодишен договор со Интер. Фудбалерот од средниот ред импресионира во дресот на „нераѕурите“, па раководството на клубот реши да ја продолжи соработката до јуни 2026 година.
Репрезентативецот на Италија ќе добие и значително зголемување на платата и ќе заработува пет милиони евра годишно. Со Интер претходно нов договор потпиша и Лаутаро Мартинез.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.