Ја очекуваме оставката на Зоран Заев, која што ја најави, ако тоа не се случи ќе ја започнеме постапката со која ќе се изгласа недоверба на оваа влада која што ја води Зоран Заев и СДСМ.
Затоа и беше оваа средба денеска, за да излеземе пред јавноста дека постои мнозинство во парламентот, кое што доколку Заев не ја достави сотавката ќе изгласа недоверба на неговата влада.
сите опции се во игра. Постои опција да се окрупни опозицијата и да се создаде ново мнозинство, кое ќе и изгласа недоверба на владата на заев, доколку тој сѐ уште тактизира со оставката, и втората е да одиме на брзи предвремени парламентарни избори, рече мицкоски.