Економија Топ вести

Комисијата побара Владата да прогласи енергетска кризна состојба

Комисијата утрово донесе заклучок да препорача прогласување на енергетска кризна состојба и овој заклучок ќе боиде доставен до Владата која ќе го разгледува на седницата во вторник и повеќе од веројатно е дека ќе го прифати и ќе прогласи кризна состојба.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, повторно нагласи дека препораката за прогласување на кризна состојба се со цел да се отвори на можност за финансиска помош со буџетски средства во ЕСМ и МЕПСО и со тоа да може да се интервенира во увозот на струја.

А која фирма го добила тендерот за испорака на 900 илјади тони јаглен за РЕК Битола и колку изнесува зделката ќе биде соопштено до крајот на идната недела. Од ЕСМ информираат дека понудите се отворени  и се испратени на техничка евалуација и проверка на доставената документација како и проверка на сертификатите за квалитет и лабораториска анализа на доставените пробни примероци на јаглен. По завршувањето на техничките процедури ЕСМ ќе го избере најповолниот понудувач.

Потенцираме дека понудите ги задоволуваат бараните количини од 900 илјади тони јаглен за третиот блок на РЕК Битола, со континуирана месечна и дневна испорака која е обврска на економскиот оператор, а со динамика одредена од страна на АД ЕСМ, соопштуваат од таму.

Минисетрот за економија, Крешник Бектеши смета дека процесот не се одлоговлекува но ни тој прецизно не знае кога ќе пристигнат првите количини на јаглен, но ја исклучи можноста тоа да биде јануари.

Тој откри дека на депонијата има залиха од 40 илјади тони јаглен што според него е е доволно за 8 дена работа на двата блока во РЕК Битола, а според експертите е за само четири.

Од ЕСМ нагласија дека редовното производство на струја за домаќинствата се врши со сопствен ископ на јаглен од рудниците на РЕК Битола и со производство од РЕК Осломеј, гасната електрана Енергетика, хидроелектраните Црн Дрим, Маврово, Треска и Тиквеш и од ветерниот парк Богданци а јагленот кој допрва ќе се набави е за дополнително производство за потребите на фирмите и државните институции за да не купуваат од берзите по далеку повисока цена.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ако трговците се служат со трикови, Владата ќе се служи со мерки

Дејан Дејан

Камбовски: Делегирањето на судијката од Велес ќе ја ублажи состојбата со недостиг на судии во Кочани

Дејан Дејан

Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе