Петнаесет годишно дете позитивно на Ковид-19 е најмладиот пациент на Инфективното одделение во битолската болница. Неговата сосотојба засега е стабилна, но од болницата велат дека старосната граница на пациентите загрижувачки се спушта. Двојно е зголемен бројот на хоспитализации за само неколку дена, и во моментот на болничко лекување се 34 пациенти, сите со потешка клиничка слика.
Старосната граница се поместува се повеќе, најмладиот е на 15 годишна возраст, а најстариот на 90 годишна возраст. За жал повеќe пациенти се на пермантна кислородна поддршка, а 60 -75 посто од нашите пациенти се со тешка клиничка слика се невакцинирани, вели др. Ели Димитровска, инфектолог, раковдител во КОВИД центар во Битола.
Младата популација се почесто е со тешка форма на болеста, а во овој бран од пандемијата, за само двесетина дена вирусот однесе три млади животи – 22 годишен битолчанец, потоа 17 годишна средношколка од Демирхисарско и 16 годишено девојче од Тетовско. Според анализита на Министерството за здравство, најголем број од заболените во периодот од 6 август до 4 ноември се невакцинирани. Од речиси 49 илјади позитивни во овој период , 72 проценти не биле вакцинирани. Без две дози вакцина се и 78 проценти од хоспитализираните пациенти заболени од Ковид-19. Анализата покажува дека и смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.
Во период од 6.08 до 04.11.2021 на територија на државата починале 1.688 пациенти со Ковид 19, 1.376 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 312 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, се наведува во аналзиата на Министерството за здравство.
Вкупно во земјава активни се 7.275 случаи, најмногу во Скопје, потоа се Куманово, Битола, Прилеп, Велес. Од почетокот на пандемијата до денес од коронваирусот починаа 7.178 лица
Емилија Мисирлиевска