Македонија Најважни

ВМРО-ДПМНЕ обезбеди мнозинство од 61 пратеник за Влада без ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ обезбеди мнозинство од 61 пратеник, дознава Телма.

Информацијата ја потврди Аријанит Хоџа од БЕСА, но за сега не сакаше да соопшти дополнителни информации.

Посочи дека обезбедено е мнозинство за влада без ДУИ.

Малку подоцна дека ново мнозинство во Собранието е обезбедено потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на фејсбук.

Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство, напиша мицкоски објавувајќи фотографии од состанокот со новите коалициони партнери.

Потпис за ново парламентарно мнозинство дале пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, БЕСА, Алијанса за Албанците и Левица.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе