Вести Македонија Топ вести

Спротивни планови во опозицијата: И Села и Мицкоски за предвремени избори, но во различно годишно време

И лидерот на Алијанса е за предвремени избори, но, дури по една година, со ново парламентарно мнозинство без ДУИ. Села оцени дека Мицкоски барал брзи предвремени за политички потреби на сопствената партија.

Алијансата за Албанците ја поддржува опцијата за нова Влада преку ново парламентарно мнозинство во кое би биле и тие, рече лидерот на Алијанса Зијадин Села во интервју за Алсат. Целта на Алијанса е да се спречи ДУИ да организира уште еден изборен процес како дел од власта.

-Она што вчера го кажа Мицкоски е за политички потреби на ВМРО (н.з. Мицкоски бараше брзи предвремени избори), како тие ги гледаат политичките случувања. Нашата определба е следна: има повеќе врска со слободата на луѓето. Предвремени парламентарни избори – да, но на нив  мора да им претходи привремена влада, ново мнозинство кое во рок од една година ќе организира предвремени избори, со одземање на власта од рацете на ДУИ, за тие да не организираат избори, изјави Села, кој се осврна и на одговорноста за падот на гласовите на Алијансата.

-Падот го плаќаме и јас и секој активист кој ја презел обврската и со слободна волја прифатил да биде член на Алијансата за Албанците. Значи сите, рече тој кога беша прашан чија вина е слабиот резултат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе