Македонија Топ вести

Од денес пријавување за вакцина против сезонски грип – не смеат да ја примат граѓаните алергични на јајца

Пратката со вакцини против сезонски грип сè уште не пристигнала, но денес започна пријавување за вакцинацијата. Побарувачката за овие вакцини е зголемена и луѓето се јавуваат да прашуваат за термини секој ден, па затоа сега истата страница каде што се пријавуваа за анти-Ковид вакцина, vakcinacija.mk, служи за пријава и против сезонски грип. Освен личните податоци, се наведува и ризичната група во која спаѓа пациентот, а таму се наведени пет опции – возрасни над 65 години, лица со хронични болести, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Вакцината против сезонски грип е безбедна и ефикасна, само лицата коишто претходно имале сериозни алергиски реакции на приемот на оваа вакцина се контраиндицирани и лицата коишто имаат алергија на јајца бидејќи некои типови од вакцината на грип се изработуваат со помош на јајца. И секако, доколку лицето во моментот има висока температура или други знаци за респираторно заболување ќе треба за кратко да го одложи приемот на вакцината за грип. И оваа година очекувано е бројката на заболени да биде навистина помала затоа што важат истите превентивни мерки како и за Ковид-19, но сепак ризичните категории на граѓани е потребно да се вакцинираат со цел да се заштитат од сериозни компликации себеси и блиските околу себе, вели доктор Кирил Солески, Специјалист по семејна медицина во ПЗУ СеМед.

Од Министерството за здравство како и пред неколку дена, повторуваат дека прават напори да се донесат вакцините, бидејќи договорот за пратката веќе е потпишан, но фрижидерите за вакцини сè уште стојат празни.

Ризичните групи за грип се истите кои се под најголем ризик и од Ковид 19, поради што се препорачува вакцинација против грип на истите. Така ќе се избегне и оптоварување на здравствениот систем, бидејќи лицата заболени од грип би се хоспитализирале во Ковид-центрите. Не е доцна граѓаните да се вакцинираат против грип во ноември или декември, бидејќи оваа болест во последните десетина сезони го достигнува врвот на зараза кон крајот на февруари, велат од министерството.

Од Здравствен дом сè уште чекаат попрецизни насоки како да ја организираат вакцинацијата на пунктовите, со оглед на тоа што ќе мора паралелно да се изведува и Ковид-вакцинација.

Ние во моментот само на два пункта не вршиме вакцинација против Ковид, тоа е поликлиниката „Млин Балкан“ и поликлиниката „Бит Пазар“ од каде што се врши теренската вакцинација. Да видиме како ќе наложи Министерството за здравство. Доколку дозволува на исто место во исти поликлиники да се врши вакцинација и против Ковид и против сезонски грип, ние веднаш ќе излеземе во пресрет, а доколку е потребно ќе се врши само на одредени места, вели д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом – Скопје.

Од Министерството за здравство информираа дека со пополнување на апликацијата на vakcinacija.mk граѓаните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, ќе стигнува смс порака со датум и час кога пациентот да биде присутен на пунктот којшто самиот ќе си го избере при пополнување на податоците.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе